Свет

„МОСКВА И ПАРИЗ ЗАГРИЖЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ЕВРОПА“ Макрон: Прилично сум оптимист, но не верувам во чуда

 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на почетокот на средбата во Кремљ на својот француски колега Емануел Макрон му порача дека Москва и Париз имаат заедничка загриженост за безбедносната ситуација во Европа.

Путин, исто така, му рекол на Макрон дека видел како француските власти прават напори за решавање на безбедносните прашања во Европа, вклучително и кризата во Украина, објави Ројтерс.

Макрон му рекол на Путин дека и на Европа и на Русија им е потребен корисен одговор за ставање крај на тензиите околу Украина.

„Корисен одговор е одговор кој, се разбира, ни овозможува да избегнеме војна и да изградиме доверба, стабилност, видливост“, му рекол Макрон на Путин за време на разговорите во Кремљ за украинската криза.

Францускиот претседател пристигна во Москва на средба со претседателот Путин на која ќе се разговара за украинската криза.

Макрон изрази умерен оптимизам пред разговорите со Путин.

„Јас сум доста оптимист, но не верувам во чуда“, им рече Макрон на новинарите веднаш по слетувањето во руската престолнина.

Related posts

Leave a Comment