Украина сега има стационирано повеќе од 100.000 војници и големо количество воена опрема во завојуваниот регион Донбас, соопшти утринава руското Министерство за надворешни работи, поради зголемените тензии.
Зборувајќи на прес-конференција, дипломатскиот портпарол Марија Захаров рече дека „вооружените сили на Украина ја зголемуваат својата воена сила, внесувајќи тешка опрема и персонал“. „Според некои извештаи, бројот на војници во зоната на конфликтот веќе достигнува 125.000 луѓе, што е, ако некој не знае, половина од целиот состав на Вооружените сили на Украина“, рече таа, пренесува RT .