Дипломатските тензии меѓу Бугарија и Русија продолжуваат да растат. Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека Бугарија се обидува да ја измени својата историја.
Причината за оваа изјава е острата реакција на бугарското Министерство за надворешни работи по повод изложбата подготвена од Руската амбасада во Бугарија. Изложбата е насловена „Ослободување на источна Европа од нацизмот“ и треба да биде отворена на 9 септември.
Во официјален став, Министерството за надворешни на Бугарија напиша дека Црвената армија донела во Бугарија репресија, а не ослободување.