Свет

Москва: Украинските неонацисти држат 7.000 странци како заложници

Коррупция, воровство и беспредел – боевик “Азова” раскрыл тайны полка –  Политнавигатор

Шефот на руската национална управа за одбрана Михаил Мизинцев денеска изјави дека повеќе од 7.000 странци од 21 земја се во рацете на, како што рече, украинските неонацисти, кои ги држат како заложници.

Според него, некои земји веќе побарале официјална апликација за помош од рускиот координативен центар.

„За жал, украинската страна ги игнорира официјалните и неофицијалните барања на меѓународните партнери“, додаде Мизинцев, пренесува ТАС.

Руското Министерство за одбрана повтори дека руската армија не ги гаѓа украинските градови и дека нема закана за цивилите, јави Танјуг.

Русија еднострано ќе отвори хуманитарни коридори

Русија секој нареден ден еднострано ќе отвора хуманитарни коридори во областа на специјалната воена операција во Украина, изјави шефот на рускиот Национален одбранбен центар Михаил Мизинцев.

„Официјално објавуваме дека хуманитарните коридори во правец кон Русија ќе бидат еднострано отворени без никакви договори, почнувајќи од 10 часот секој ден“, рече тој, пренесува ТАС.

Според Мизинцев, безбедноста е загарантирана на териториите под контрола на руските војници.

„Бараме Меѓународниот комитет на Црвениот крст и ОН тесно да соработуваат со украинските власти на терен за да го информираат населението за оваа руска иницијатива“, рече Мизинцев.

Коридорите ќе бидат отворени од пет градови, додаде тој, пренесуваат РИА и Интерфакс.

Тоа се Киев, Суми, Харков, Мариупол и Чернихив. Жителите од таму ќе можат да одат во Русија или во некои други градови во Украина, рече Мизинцев.

Related posts

Leave a Comment