Португалецот Жедсон Фернандес е првото засилување на менаџерот Жозе Мурињо во Тотенхем.
Овој 21-годишен играч во Лондон дојде на 18-месечна позајмица од Бенфика, со опција да биде откупен за 50 милиони евра.
Вице-шампионот на Европа го „украде“ Гедсон од градскиот ривал Вест Хем, кој претходно имаше договор со играчот пред да го промени правецот во Лондон
Жедсон беше на мета на уште еден клуб од Лондон – Челси, а и од Олимпик Лион и Милан, но Тотенхем ги победи и во трката за потписот.
Португалскиот репрезентативец, роден во африканската држава Сао Томе и Принципе, ќе носи дрес со број 30 во новиот клуб.
🇵🇹 #BemVindoGedson 🇵🇹 pic.twitter.com/ZibMjeBCJG
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) January 15, 2020