Навивачите на ирскиот премиерлигашки фудбалски клуб Шамрок Роверс извикуваа „Лизи е во ковчег“ (Lizzie’s in a box) од трибините на синоќешниот натпревар од Конференциската лига против Дјургарден.
Тие ја славеа смртта на британската кралица Елизабета, која почина во четвртокот што е разбирливо имајќи го во предвид повеќе деценискиот конфликт во Северна Ирска во кој илјадници ирци ги загубија животите во борба со кралската британска војска под команда токму на Елизабета.
The Irish were literally celebrating by chanting "Lizzie's in a box!" at football games today. If you didn't know, they're not big fans of their colonizers. They know what the Royal Family represents. pic.twitter.com/OKbkMQRCwO
— Prof Zenkus (@anthonyzenkus) September 9, 2022
Видеото од нивното скандирање се појави на интернет и предизвика бројни реакции, главно негативни. Познато е дека Ирците и Шкотите немаат добри односи со Англичаните, а тоа го потврдија и навивачите на Хартс, кои со свирежи ја прекинаа минутата молчење пред натпреварот против Башакшехир во Конференциската лига
Tallaght stadium in Dublin tonight pic.twitter.com/FhHtoVGT1L
— Dublin Bhoy (@dublincelticfan) September 8, 2022