Тенис

Надал не мирува: Ѓоковиќ не е поголем од турнирот

РАФАЕЛ НАДАЛ одржа прес-конференција во Мелбурн пред почетокот на Австралија опен. Темата која најмногу ги интересираше новинарите беше Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер кој се соочува со депортација од Австралија и кој вечерва ќе дознае дали ќе игра на Австралија опен.

Јасно е дека Новак е еден од најголемите тенисери во историјата, без сомнение. Но, нема играч кој е поголем од турнирот. Никој, ниту Роџер, ниту Новак, ниту, да речеме, Борг, ниту било кој. Австралија опен е поголем и поважен од сите нас. На крајот, ако игра – одлично, а ако не … Австралија опен ќе биде одличен турнир со или без него. Тоа е мое мислење, рече “Надал.

Ситуацијата отиде предалеку. Малку сум уморен од сето тоа. Тенисот, според мене, е многу важен, но дали може да биде поважен од моментот во кој се наоѓа светот? Не сум сигурен. Ние поминавме многу во последните две години; многу тенисери „не преживеаја“ и мораа да се откажат од тенисот поради падот на заработката од турнирите, патувавме со скратен тим или без никој на турнирите, многумина мораа да побараат психолошка помош исто така.

Тенисот во времето на пандемијата беше многу предизвикувачки, а сега кога ќе погледнам наназад, единственото решение за сето тоа е – вакцина. Мора да бидеме вакцинирани, заради нас самите, но и заради здравјето на тенисот, здравјето на спортот, здравјето на човештвото“, додаде најголемиот ривал на Ѓоковиќ.

Related posts

Leave a Comment