Реакции

Над 800 македонски учители се потпишаа на манифест против францускиот документ

Лектири за I, II, III и IV година - САБА-Приватно средно училиште

Над 840 македонски интелектуалци ставија потпис на Манифест против францускиот предлог. Обединети под едно име – македонски учители, сметаат дека со предлог документот, македонскиот народ станува предмет на омаловажување и понижување.

– Самиот факт што се предвидуваат преговори за генезата на македонскиот јазик е во старт проблематична позиција, вели професорот Панов, еден од потписниците на Манифестот.

Според него, предлогот предвидува билатералните протоколи да станат дел од преговорите, што македонскиот народ и јазик ќе ги сведе на еднострана изјава која нема важност пред европските институции.

“Бугарија ќе ја декларира својата позиција како земја членка дека македонскиот јазик не постои, односно дека е бугарски дијалект во историска смисла, а македонската страна не знам што ќе декларира, меѓутоа според она што го знаеме од португалскиот предлог е дека ќе декларира дека македонскиот јазик постои, односно е кодифициран во 1945 година”

Интелектуалците предупредуваат дека вака прифатениот предлог значи дека македонскиот народ ќе биде дрво без корен и ќе нема можност за изразување на својот историски континуитет.

“Со овој предлог, уште пред да почне преговарачкиот процес, Македонците ќе бидат сведени на вештачки конструкт од 1944 година. Македонскиот јазик, според овој предлог, ќе биде историски непостоечки за ЕУ”, пишува меѓудругото во Манифестот.

Во писмото интелектуалците се обраќаат и до македонското политичко раководство. Се бара јасно отфрлање на францускиот предлог, односно власта да не се согласува со политики со кои, како што велат, се промовираат етноцидните политики насочени против Македонија.

Манифестот содржи пораки и до европските водечки политичари. Жално е за еден претседател на Франција, „локомотивата“ на европските вредности да промовира вакви неправди се вели во пораката до Макрон, додека до претседателите на трите европски институции јасно се подвлекува – ако условот за влез во ЕУ е наметнување на понижувачки услови во еден непристоен предлог, тогаш тогаш ние, македонските учители велиме НЕ!

Related posts

Leave a Comment