Двајца турски војници загинаа, а еден беше ранет во северозападниот дел на сириската провинција Идлиб во ракетен напад од „некои радикални групи“.
Соопшти Турското Министерство за одбрана денес.
Турција, која ги поддржува бунтовниците кои се спротивставуваат на власта на сирискиот претседател Башар ал Асад, пред две недели се согласи со Русија на прекин на огнот во Сирија откако скоро 1 милион луѓе беа раселени од Идлиб по повеќемесечниот конфликт.
Москва ги поддржува сириските владини сили, потсетува Ројтерс.