Свет

Напад на муслимански сепаратисти во јужен Тајланд, 15 мртви

Бангкок – Најмалку 15 лица се убиени во напад на муслиманските сепаратисти во јужниот дел на Тајланд, соопшти портпаролот на тајландската армија.

Нападот беше изведен синоќа во провинцијата Јала, врз два воени контролни пункта, изјави портпаролот Памте Пром.

Дванаесет лица загинаа на местото на настанот, а тројца починаа во болница.

Ова е еден од најсмртоносните напади од почетокот на 15-годишниот конфликт во мнозински муслиманскиот југ во претежно будистичка земја.

Најмалку 7.000 луѓе загинале во конфликтот.

Нападите се поретки од 2014 година, кога војската воведе полициски час и редовни патроли.

 

Related posts

Leave a Comment