Вооружена група нападнала џамија во Буркина Фасо, според локалните медиуми, пренесува Спутник.
Нападот се случил во петокот вечерта.
„Вооружени лица ја нападнаа Големата џамија во Салмосо меѓу 7 и 8 часот, убивајќи најмалку 16 лица“, изјави извор за АФП, додавајќи дека 13 биле убиени на лице место, а тројца подоцна починале од здобиените рани.
Бројот на терористички напади во Буркина Фасо се зголеми во последниот период, со 60 лица кои ги загубија своите животи во вооружени судири од почетокот на септември.