Тивко е на ножот после храбрата битка а сега уште потивки се сегашниве Македонци што немо ги набљудуват антимакедонските предавања и уништувања на владејачката илегална структура.
До кога молк, плашење и одмолчување на корозивните активности ?
Дали само критиката е доволна без соодветна конкретна реакција за запирање на негативниот од?
Народ кој не се бори за својата гордост , достоинство и историја во моменти кога е нападнат , не заслужува слобода и национален третман. Сакал или не, ќе се претвори во амфорна маса што секој со него ќе си подигрува и исмејува.
Откога картите се повеќе од отворени и кристално јасни , борбата за организирање и координирање навидум изгледа многу полесна и едноставна.
Определување на целта, минимум конзенсус и создавање услови на реализација.
Откога таа толку посакувана цел е достигната , тогаш е слободен патот за испеглување на одредени второстепени разбирливи разлики и надмудрувања.
Можеме ли?
Илинден очекува одговор…
Драган Стоиловски