Рускиот сенатор Алексеј Пушков денеска изјави дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг продолжува да инсистира на формулата „воздржаност и дијалог“ во односите со Русија, како да не забележува дека таа не функционира.
„Долго време нема дијалог, а генералниот секретар на НАТО нема со што да се пофали: алијансата го уништи“, напиша Пушков на „Телеграм“.
Пушков исто така проценува дека нема „зауздување“ и додава дека НАТО „не ја заузда“ Русија ниту во Сирија ниту кога се во прашање Белорусија и Донбас.
Тој посочи дека НАТО нема јасна политика кон Русија, освен политиката на непријателство, и оцени дека, откако францускиот претседател Емануел Макрон го стори тоа, треба да се каже дека НАТО е „мозочно мртов“.
Столтенберг претходно изјави дека НАТО, кога станува збор за Русија, се придржува кон принципот на „зауздување и дијалог“ и ги предупреди Русија и Белорусија да не се закануваат на членките на Алијансата.
Францускиот претседател Емануел Макрон во 2019 година изјави дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт“, објаснувајќи ја таа проценка со недостаток на координација меѓу САД и нивните партнери.