Откако пред само два дена беше потврдено од АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор (АДСДП), дека поднеле иницијатива до Владата за преименување на стадионот, денеска за Плусинфо, неофицијално од Владата потврдиле дека Националната арена „Филип Втори“ ќе биде прекрстена и ќе го носи името на легендата на поп музиката Тоше Проески.
Инаку ваквата одлука, за промена на името на арената била по бурните реакции на Грците откако фудбалската репрезентација одигра меч од квалификациите на домашен терен, и во службениот извештај беше назначено името на стадионот „Филип Втори“.
Инаку до сега стадионот имаше две претходни имиња, Градски стадион и Телеком арена кога Владата на Република Македонија официјално го преименувала стадионот во февруари 2009 година со името Национална арена „Филип Втори“, но во ноември 2016 година стадионот бил преименуван во Телеком Арена по потпишаниот договор со Македонски Телеком. Во септември 2017 година, договорот за името Телеком Арена бил раскинат и старото име Филип Втори, било вратено.
Беше соопштено дека во новата промена на арената, во игра се неколку имиња, а прво предложено беше името на нашата најголема ѕвезда која трагично загина во сообраќајна несреќаТоше Проески, потоа во игра е и името на некој од познатите фудбалери како Кирил Симоновски Џина“ или „Петар Милошевски“, или името „Национален стадион Скопје“.