Најмалку 10 цивили се убиени во воздушен напад на пазар во Сирија денес, соопштија сириски активисти на опозицијата.
Во нападот во северозападната провинција Идлиб, во градот под контрола на бунтовниците Марет ел Нуман, повредени се неколку лица.
Неколку десетици борци од обете страни загинаа изминатиот викенд во Идлиб во судири смеѓу војската и бунтовниците.Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека 10 цивили се убиени, но бројот не е конечен.
„Бомбардирањето на пазарот кој беше преполн со цивили доведе до масакр и големо уништување“, објави Цивилната одбрана на својата страница на Фејсбук, која исто така објави фотографии од нејзините лекари кои ги отстрануваат телата од пазарот.
Опсерваторијата и цивилната одбрана соопштија дека се случил уште еден воздушен напад во блискиот град Саракеб, при што загинаа и се повредени неколку лица.
Сириската војска започна офанзива на почетокот на оваа година во Идлиб, управуван од милитантите поврзани со Ал Каеда.
Офанзивата на сириската влада принуди стотици илјади цивили да ги напуштат своите домови.