ДЕНЕШНИ сателитски снимки објавени од американската приватна компанија Maxar Technologies Inc. покажуваат голема групација и движења на руските копнени сили со тенковски единици кон главниот град на Украина, Киев, на оддалеченост од околу 65 километри, објави Ројтерс.
Снимката од американската компанија покажува колона од стотици воени возила која се протега на пет километри, наведува Ројтерс.
Рускиот воен конвој се наоѓа североисточно од украинскиот град Иванкив и вклучува резервоари за гориво, логистика и оклопни возила, тенкови, борбени возила на пешадија и самоодна артилерија, се вели во соопштението на Maksar Technologies Inc.
Сателитските снимки покажуваат и штета предизвикана за време на руските воздушни напади на аеродромот Антонов во Хостомел и тешките борби во близина и на самиот аеродром.
Ројтерс додава дека не може самостојно да ја потврди автентичноста на снимките на Maxar Technologies Inc.