Овој гаф брзо стана хит на социјалните мрежи, а на сметка на американскиот претседател се правеа разни шеги.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, направи неверојатна грешка за време на својот говор за состојбата на нацијата мешајќи два народа, Украинците и Иранците.
За време на своето обраќање пред Конгресот, Бајден зборуваше за руската инвазија на Украина и рече: „Путин може да го опколи Киев со тенкови, но никогаш нема да ги освои срцата и душите на иранскиот народ“.
Овој гаф брзо стана хит на социјалните мрежи, а на сметка на американскиот претседател се правеа разни шеги.
BREAKING: Biden announces unconventional plan to win the hearts and souls of Iranian people in Kyiv…
Not from @TheBabylonBee#SOTU2022 pic.twitter.com/hVxYTGjxz4
— Rep. Matt Gaetz (@RepMattGaetz) March 2, 2022