Британскиот политичар Најџел Фараж ги коментираше збунувачките одлуки поврзани со Грен слемовите за невакцинираните играчи и тенисерите од Русија и Белорусија.
На претстојниот Грен слем во Вимблдон ќе можат да настапат невакцинирани тенисери како Новак Ѓоковиќ, а на руските и белоруските играчи нема да им биде дозволено поради санкциите што Велика Британија ги воведе кон Русија и Белорусија поради војната во Украина. .
Сосема поинаква слика ќе има на следниот Грен слем. Имено, невакцинираните играчи нема да смеат да настапат на УС Опен, додека тенисерите од Русија и Белорусија ќе можат да играат.
– УС Опен одлучи Русите и Белорусите да можат да играат, а не сакаат да му дадат дозвола на Ѓоковиќ бидејќи не е вакциниран. Ова е тотално лудило. Не постојат медицински причини кои можат да ја поддржат оваа одлука. Овде не се работи за здравје, туку за контрола.
Аргументот за вакцината е: ако добиете корона, ќе бидете помалку болни. Имајте на ум дека Ѓоковиќ е еден од најздравите 35-годишници во светот. Има целосно здравствено осигурување. Нема шанси тоа да претставува каков било товар за американските власти – рече Фараж.
Novak Djokovic is banned from the US Open but the Russians and Belarusians are allowed to play (unlike at Wimbledon)..
Global tennis is in total disarray, how about some common sense? pic.twitter.com/hfFJPveiFL
— Nigel Farage (@Nigel_Farage) June 17, 2022