Бугарското министерство за надворешни работи денеска објави соопштение во врска со некакви наводни „провокативни и злонамерни антибугарски коментари од страна на политичари и општественици од Република Северна Македонија во последните неколку дена“ и во кое изразуваат „загриженост дека се води злонамерна кампања против земјата со цел распалување на антибугарски чувства“.
За бугарското МНР било загрижувачки што се правеле „обиди за намерна злоупотреба со трагичните настани во Украина како резултат на руската воена агресија“
Од бугарското МНР изразуваат загриженост за евентуално негативно одразување на оваа наводна кампања врз, како што велат тие, позитивните тенденции на политичкиот дијалог во последните месеци.
Бугарија го условува почетокот на пристапните преговори на ЕУ со Македонија со прифаќање на бугарските уцени од декларацијата на бугарскиот парламент.
За споредба, рускиот претседател Владимир Путин, оправдувајќи ја својата инвазија на Украина, кажа дека Ленин за формирал Украина и со тоа ја обесправил Русија. Украина е дел руската историја, додаде Путин. Русија, исто така, бара од Украина гаранции за неутралност.