Откако на полноќ истече рокот за собирање потписи за независните листи според податоците од Државната изборна комисија ќе нема ниту една независна листа на пратеници за изборите. Никој не го исполни условот да собере илјада потписи.
Според ДИК имало шестмина носители на независни листи но тие не успеале да го стигнат прагот. Само една листа имала 553 граѓански потписи од потребните илјада. Тоа е листата на група избирачи предводена од Горан Тасковски во Изборната единица 5.
Другите носители на независни листи беа Емилија Гелева, Игор Цветковски, Зоран Мијалков, Петар Котевски и Исмаил Бојда.