Економија

НЕМА ПРЕЧКИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ГАСОТ ВО РУБЉИ: Гувернерката вели дека се направени потребните измени на регулативата

Интервју со Анита Ангеловска-Бежоска, гувернер на Народната банка на  Република Македонија

Во текот на минатиот месец направена е измена и компаниите кои се увозници на гас немаат никаква пречка во делот на навременото снабдување, порача Ангеловска–Бежоска.

Можат да се прават трансакции во рубљи за плаќање на рускиот природен гас, ако е тоа потребно, потврди денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска–Бежоска.

– Сите предуслови се создадени и не гледам дека треба да има некоја пречка за плаќање на начин на којшто е потребно – рече Ангеловска-Бежоска во одговор на прашањето на денешната прес-конференција заедно со потпретседателката на ЕИБ Лилјана Павлова дали домашните институции се подготвени да плаќаат природен гас во руски рубљи.

Гувернерката посочи дека воопшто не постојат никакви регулаторни пречки за редовна достава и плаќање на гасот.

– Се што беше до Централната банка како регулатива веќе е подготвено. Во текот на минатиот месец направена е измена и компаниите кои се увозници на гас немаат никаква пречка во делот на навременото снабдување – порача Ангеловска–Бежоска.

Related posts

Leave a Comment