Ватикан – Папата Френсис денеска повика на меѓународна научна соработка за откривање на вакцина против коронавирус, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека вакцината треба да биде достапна за сите луѓе ширум светот.
„Важно е научните можности да се обединат на транспарентен и непристрасен начин со цел да се откријат вакцини и лекови“, рече Папата на денешната приватна маса.
Тој додаде дека е важно на сите во светот да им се гарантира пристап до вакцината, како и соодветно лекување на заразените.
Светските лидери се обврзаа дека во април ќе ја забрзаат работата на изработка на тестови, лекови и вакцини против Ковид-19, како и да ја направат вакцината еднаш кога ќе биде откриена, достапна за сите луѓе низ целиот свет.
Меѓутоа, САД одбија да учествуваат во оваа иницијатива на Светската здравствена организација.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини СЗО за реагирарање на епидемијата, како и дека ја штити Кина, поради што најави дека ќе ја прекине финансиската помош на организацијата.
Многу е симптоматично што за задолжителна вакцина која би била дури и бесплатно поделена на населението на планетата, папата и поголемиот дел од светските лидери се залагаат, а поради пример, тоа не го прават кога е во прашање на обезбедување на храна за сите од чиј недостаток стотици милиони луѓе годишно умираат.