Свет

Никарагва ја протера амбасадорката на ЕУ

 

Министерkata за надворешни работи на Никарагва, Денис Монкада, официјално ја известилa амбасадорката на Европската унија во Манагва, Бетина Мушајд, за нејзиното протерување од земјата, соопшти дипломатски извор.

Мушајд, која ја презеде функцијата во Манагва во октомври 2021 година, била поканета во Министерството за надворешни работи на Никарагва, каде Монкада и ја прочитала одлуката за нејзиното протерување, според истиот извор.

Неколку никарагвански интернет портали кои работат во егзил во Костарика претходно објавија за неизбежното протерување на амбасадорот.

Министерството за надворешни работи на Никарагва „го информираше седиштето на ЕУ (во Брисел) дека нејзиниот амбасадор е прогласен за несакан“ во Манагва, пренесува 100% Noticias.

Медиумите објавија дека Манагва бил налутенa од изјавата на претставникот на ЕУ во Советот за човекови права во Женева во понеделникот, со кој побаралa од владата на Никарагва да ја „врати“ демократијата.

Според 100% Noticias, владата на Никарагва ја оправда својата одлука со „мешање (на ЕУ) и непочитување на националниот суверенитет“.

Никарагванските власти официјално не ја потврдија информацијата до средата попладне.

Протерувањето на европскиот амбасадор доаѓа седум месеци по протерувањето на апостолскиот нунциј Валдемар Сомертаг. Светата столица рече дека „не ја разбира“ одлуката.

Пред четири години, ЕУ и Соединетите Држави воведоа серија санкции за Никарагва и претставници на режимот поради кршење на човековите права.

Претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга и потпретседател Росарио Мурило го обвинуваат Вашингтон дека подготвува државен удар во Никарагва со помош на Католичката црква.

Related posts

Leave a Comment