Епизодата во петокот ја емитуваше телевизијата ,,Россиа 24″, но потоа тивко беше отстранета од програмата и не беше репризирана – што Михалков го виде како чин на „цензура“
Рускиот режисер Никита Михалков тврди дека милијардерот Бил Гејтс можеби ќе се обиде да ги обележи луѓето со микрочипови под маската на вакцинацијата , сакајќи да ги контролира и на крајот да ја „реши“ пренаселеноста.
Тековната криза предизвикана од коронавирусот предизвика бројни теории на заговор бидејќи некои се обидуваат да ги пронајдат „тајните“ причини кои стојат зад пандемијата. Неколку од нив се вртат околу ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс и неговите напори да ја развие вакцината против „Ковид-19“ .
Еден патент на „Мајкрософт“, кој неодамна доби меѓународно признание, многу „трагачи на вистините“ го сметаат за посебно загрижувачки. Патентот „ WO / 2020/060606 “ го опишува „Системот на криптовалута кој користи податоци за телесни активности“ – во основа уред кој може да се користи за „копање“ на некои дигитални монети со употреба на нечие тело. Или подобро кажано, „му доделувате крипто валута на корисник чии што податоци за телесна активност се потврдени“, апстрактно, како што наведува патентот.
Патентот не остана незабележан од Никита Михалков, познатиот филмски режисер кој освои Оскар, а кој понуди неверојатна теорија во новата емисија ,,Бесогон ТВ,, (грубо преведена како „Прогонител на демони“, насловен „Во чиј џеб е државата?“ Епизодата се емитуваше во петокот на Телевизијата „Россија 24“, но потоа тивко беше тргната од програмата и не беше репризирана – што Михалков го виде како чин на „цензура“.
Михалков тврди дека самото име на патентот има окултно значење, обвинувајќи го Гејтс дека всушност се обидува да вметне импланти кај луѓето, микрочипови за да ги контролира и го врзува со неговата потенцијална програма за вакцинирање.
Делот 060606 е помалку вознемирувачки. Веројатно го разбирате тоа, нели? Дали е ова случајност или намерен избор на таков симбол, кој во апокалипсата на Јован се нарекува „број на ѕверот“ – 666.
Потоа Михалков тргнува против дистописката иднина каде дигитализираното (и микрочипирано) општество е поделено на два нееднакви делови, имено елитата и човечките беспилотни летала со кои тие управуваат. Во потрага по Гејтсовите глобални „соучесници“, тој цврсто го впери прстот кон Херман Греф, шеф на државната банка на Русија Сбербанк, познат поборник за дигитализирање на општеството. Теоријата на режисерот има недостаток бидејќи не покажува како тој систем би го решил проблемот со пренаселеноста – или зошто Русија би сакала да го следи водството на американскиот деловен магнат во тој поглед.
Како и секоја друга теорија изнесена од познати личности, новата епизода на телевизијата Бесогон се рашири на Интернет, собирајќи околу 700.000 прегледи за помалку од еден ден.