Свет

Никита Михалков : Единствената руска идеологија е националниот интерес

НИКИТА МИХАЛКОВ ОБЈАСНИО: Ово је идеологија Русије

Рускиот режисер Никита Михалков за време на тркалезната маса на меѓународниот воено-технички форум „Армија 2020“ изјави дека единствената идеологија со која се води Русија е државната идеологија.

„Денес Русија има една идеологија – тоа се националните интереси на земјата, што треба да се всади кај децата уште од рана возраст“, ​​рече Михалков за време на тркалезната маса под наслов „Психолошка одбрана. Борба за историјата – борба за иднината“.

Првиот заменик министер за одбрана на Русија, Руслан Каликов, изјави дека противниците водат информативна војна против Русија, со цел да се девалвира успехот на земјата, пренесува РИА Новости.

Тој посочи дека Русија „не си дозволува себеси вакво однесување“.

Руските медиуми потсетуваат дека во декември минатата година, претседателот Владимир Путин на годишната прес-конференција изјави дека патриотизмот е единствената можна идеологија на современото општество.

Related posts

Leave a Comment