Колумни

НИКОЛА ЧОНЕВСКИ: РУСИТЕ НЕ БИ ДАЛЕ НИ ЕДНА РУБЉА ЗА ЖМИЦКО!!!

Од толку многу скандали и политика на дневна база, човек да се запраша што да издвои и да напише. Лично пробувам да избегнувам дневно политички скандали бидејќи станаа искривена нормалност, па одбирам теми кои преку медиумите вршат класична пропаганда на искривената реалност создавајќи погрешна перцепција кај обичниот народ.

Па ја одбрав темата каде главата на Цивил, Џабир Дерала, инаку внук на Гајур Дерала водачот на љуботенскиот огранок на балистите и соработник на италијанските фашисти на Дуче, бомбастично на насловна страна потенцира дека падот на Заев бил организиран преку црни пари на руските служби.

Од она што го следам јас во политиката низ годините и потезите на политичките партии, ДПМНЕ во однос на СДС е далеку поригорозна и посервилна во однос на западните ментори и господари во антируската хистерија врз која се гради надворешната политика и дипломатија. За тоа има многу примери, и ониe кои следат политика многу добро знаат колку ДПМНЕ имале реални анти-руски изјави и гласања во ООН и ЕУ против Русија!

Реално освен Иван Стоиљковиќ од ДПСМ кој има директни политички конекции со Русија како коалиционен партнер на ДПМНЕ, во Македонија не постои друг политички субјект кој има такви конекции, што е според мене разочарувачки и полтронски политички аматеризам од фактит што политичките конекции на Македонија со Русија да бидат единствено остварувани преку условно кажано лидерот на србите во Македонија, наместо од реална автентична македонска партија!

Руската дипломатија многу добро ја познава политичката ситуација во Македонија и верувајте русите не се толку глупи да би инвестирале во падот на Заев, да би дошол Мицковски. Они реално пробаа во времето на Груевски со поранешниот руски амбасадор Шчербак кој вистински ја сакаше Македонија, да се доближат политички, но од политичката психилошка сервилност на ДПМНЕ кон Западот тие се избегнати и напуштени.

Јас лично немам проблем Македонија да одржува добри односи со Западот, но во светот постојат и други страни на светот како и глобални играчи кои се вратија на политичката сцена на глобално ниво. Зашто е проблем Македонија да има добри односи на пример со Русија и со Кина, а притоа да не ги влоши односите со САД и со ЕУ? Јас лично би имал добри односи и со “Марс”, ако тоа е од интерес за Македонија.

Инаку да се навратам кај русите и нивното наводно финансисрање за падот на Заев. Па тоа за нив би било фрлање пари во ветер и магла, пред се заради фактот колку се они свесни како се поставени т.е инсталирани политичките ликови во политиката и како ни функционира системот. Зарем русите би инвестрирале пари во Македонија, наместо во Украина, држава кој преку диригиран преврат излезе од реално руската сфера на влијание каде и и природно припаѓа. Да не зборам за државите во Централна Азија кои исто така се во руската сфера на влијание, а се под постојана опасност од вакви диригирани преврати и претставуваат реален проблем.

И секоја будала која пишува нешто против Русија нема елементарни познавања за таа држава. Истото се случува и со Кина. Стереотипите сеуште се на високо ниво, пред се заради информациите кои се пласираат од нашиве менјстрим таканаречени медиуми. Оние сериозните луѓе се информираат на други алтернативни медиуми, и имаат далеку пореални знаење за геополитичката ситуација во Светот, но сепак тие се малцинство.

Покрај тоа што ДПМНЕ реално нити помирисала една руска рубља, да се побие оваа глупост не треба многу памет. Поголем доказ за тоа нема од германскиот Конрад Аденауер и американскиот НДИ. Целата врхушка е контролирана, обуечна, тренирана и школувана како бројлери на фарма. Во таа врхушка никогаш нема да се најде лик од калибарот на Јане Ченто или некој друг македонски родољубен “нешколуван” патриот. Вредно е да се спомне и ЕПП чија членка се ДПМНЕ, а лидер на таа ЕПП е Доналд Туск. За разлика од ЕПП, Орбан Салвини и Маријавецки формираат нова европска конзервативна партија, противник на ЕПП и на Туск. Во оваа нова партија реално очекувам да се приклучат партии од земјите на Вишеградската група кои моментално се најголемите бунтовници во ЕУ.

Џабире, ако русите инвестираа толку многу милиони или поточно 200 милиони, верувај дека ќе формираа нова македонска проруска партија и со тие милиони ќе имаа 70 пратеници само од македонскиот политички блок, отколку да ги фрлаат на Жмицко за да го бутнел Заев, кои патем се на истата бранова должина по однос на ЕУ и НАТО!

Од она што јас го знам руската политика е потпросечна во однос на западот по однос на Софт повер или мека сила која го води НВО секторот. Тотална тапа се русите за тоа, но кога би се организирале и вклучиле во таков процес по мои пресметки влогот на русите за успех на терен е 1:10 наспроти американците, што во превод би значело ако амриканците вложат 1 милион евра, русите со влог од 100 илјади евра ќе ги тепаат на терен. Ама русите не вложуваат ниту една рубља на изгубена кауза и народ кој не се бори за своето достоинство! Едноставно русите не ги бива за НВО или однапред знаат дека секаков платенички НВО проект без идеолошка подлога нема долгорочен успех, па и не влегуваат свесно во западните шеми на НВО, од кои имаат добри примери и проблеми и кај нив дома, ама пак затоа русите се мајстори, ако влезат воено како помош. Тогаш на долгорочен план се многу ефективни. За тоа има многу примери низ Јужна Америка, Азија и Африка.

Околу ДПМНЕ и нивната соработка со НДИ, ќе извлечам цитат од блогот на Агора да ви се разјасни, кои се НДИ, и зашто ДПМНЕ не соработува на пример со американскиот кознервативен републикански ИРИ наместо со глобалистичкиот демократски НДИ:

*”Многу од луѓето кои очекуваат промени, но очекуваат на погрешно место и од погрешен тим, треба да се запрашаат што една конзервативна партија бара со еден креатор на ултра-левичарски политики, како американското НДИ?! Во 2019 година на заедничкиот семинар во Струга, Мицкоски дури ја откри и суштината на работите од минатото: „Ми преставува особена чест и задоволство што ПОВТОРНО, ПО ПОДОЛГА ПАУЗА ПРАКТИЧНО ОБНОВУВАМЕ ЕДНО ПРИЈАТЕЛСТВО и заедничка соработка со нашите партнери од Националниот демократски институт од Америка“. https://www.magazin.mk/%D0%B2%D0%BC%D1%80%D0%BE-%D0%B4…/ Значи дека најверојатно за време на целата власт на ДПМНЕ до 2016-та, тие/ние имале цело време соработка…

Кои се дечките од НДИ? Еве ги на нивната веб страна:

https://www.ndi.org/board-directors

Ги препознаваме Медлин Олбрајт, поранешна Државна Секретарка на САД, Дона Бразил – клучна личност преку која поминувале сите кандидати на Демократската партија од конгресмени и сенатори па до локални кандидати, Мајкл Дукакис, американец од грчко потекло кој му беше противкандидат од Демократите на Џорџ Буш во 1988 (прашајте се колкаво можело да биде неговото влијание за склучувањето на договорот од Преспа?!), како и починатите, потпретседателот на САД од Демократите 1978-1982 Валтер Мондејл и основачот Чарлс Манат, поранешен претседател на демократската партија…

За сликата да биде комплетна, тие се сретнале и со претставници на ИРИ, Интернационалниот Републикански Институт, спротивставени на НДИ во надворешните влијанија и креирања на политиките на САД, кои влечат „малку“ поконзервативен наратив на вредности. Таму https://www.iri.org/who-we-are/board-of-directors ги наоѓаме сенаторите од Републиканците, како Том Котон, Линдзи Грахам, поранешниот кандидат за претседател на САД сега сенатор, Мит Ромни…

https://www.facebook.com/media/set/

Некни, пред Мицковски да објави мнозинство во парламентот, челниците на ДПМНЕ се сретнаа со директорот на НДИ, Дерек Мичел:

https://www.facebook.com/media/set/

Секако, и овие дечки од америка си имаат свои куклари… Шемата оди така.”*

Можно е да е слика од еден или повеќемина и текст кој вели „CIVIL MEDIA Home хибридни закани експрес и коха co наводи дека 200 милиони евра црни пари од руските служби се „инвестирани" за соборуване на зоран заев November 7, 2021 11:35 500 OK“
Никола Чоневски
Можно е да е слика од Никола Чоневски Македонски и стоење

Related posts

Leave a Comment