НОАМ Чомски, еден од најпознатите левичарски интелектуалци во САД и многу пошироко, предизвика конфузија со своите изјави за војната во Украина.
Во извадок од интервју за можното решение на конфликтот, Чомски рече:
– За среќа, постои еден западен државник кој се залага за дипломатско решение на војната во Украина, наместо да бара начини да ја поттикне и одолговлекува. Неговото име е Доналд Трамп.
Многумина беа изненадени што Ноам Чомски зборуваше позитивно за Трамп, имајќи предвид дека и претходно остро го критикуваше.
Потсетуваме, Трамп на митингот во Небраска изјави дека е убеден дека руската операција во Украина немаше да се случи доколку неговата администрација беше на чело на државата.