Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, денес оцени дека постои одреден вид цензура кога станува збор за информации за коронавирусот, за кој смета дека е клучно да се развие имунитет.
„Постои одредена цензура на медицинските стручњаци кои зборуваат за решенија кои не се вколпуваат во решенијата на официјалната медицина. Посакувам да има повеќе дебати, различни мислења. Ние не сме од таа професија, така што не можеме да зборуваме за тоа. Би сакал да се зборува повеќе за имунитетот “, рече Ѓоковиќ.
Тој ова го кажа во „Лајв“ на „Фејсбук“, во кој прво зборуваше Марко Пантелиќ, кој се излечи од вирусот, а учествуваа и Виктор Троицки, Јанко Типсаревиќ, Ненад Зимоњиќ, Филип Краиновиќ, Александар Атанасијевиќ и Душан Борковиќ.
„Постои опасност човек да се зарази, колку и да е потребно да се биде во карантин , ќе го испочитуваме тоа, но …“, рече Ѓоковиќ.
„Мислам дека луѓето се исплашени и збунети а не ја гледам приказната за тоа како човекот може да се засили, да го зајакне својот имунитет, да ги намали шансите да се зарази. Ставија карантин да ги намалите тие можности, но вашиот имунитет е тука за да се борите и против други инфекции “, рече Ѓоковиќ.
Тој додаде дека тенисерите први ќе мора да патуваат кога сè ќе помине и дека тоа ќе биде предизвик број еден заради големата паника што се шири волку месеци.
„Мислам дека тоа ќе биде длабоко втиснато во потсвеста на човекот, така што луѓето ќе имаат страв да им пријдат на другите. Кога некој ќе се закашла, сешто ќе мине низ нашите глави. Колку работите ќе се променат не знам, но главната пречка за човекот ќе биде патувањето. Се зборува за задолжителна вакцинација за 18 месеци … Дали има други решенија или тоа е единственото. Има тука милион работи, па мислам дека ова и тоа како ќе влијае на сите спортови “, рече Ѓоковиќ.
Тој исто така го изрази своето мислење за вакцинацијата.
„Јас прв не сум за вакцини, не сакам да се вакцинирам. Ако тоа биде задолжително, ќе мора да размислам. Јас сега стојам зад ова, но дали ќе се промени тоа, ако значи дали ќе патувам. Нема големи шанси тенисот да продолжи во август или септември, мали се шансите. Која ќе биде таа вакцината кога сè уште ја нема. Официјално, сезоната ќе започне кога сите ќе бидат 100 проценти сигурни дека луѓето можат да дозволат, кога луѓето ќе бидат безбедни, а тоа ќе потрае, рече Ѓоковиќ.