Бугарските власти продолжуваат да ги малтретираат и тормозат Македонците само затоа што се изјаснуваат како Македонци и се борат за своите права.
На 12 ноември 2019 г. полицијата во Благоевград и село Черниче ги посетила домовите на членовите на Граѓанското друштво за заштита на основните и индивидуални човекови права со претседател Атанас Мазнев, кое се залага за заштита на правата на македонското малцинство и кое беше регистрирано од бугарскиот суд на 30 август годинава.
Им дале покани задолжително да појдат во полицијата и да дадат објасненија за регистрацијата на друштвото или на лице место ги испрашувале терајќи ги да одговараат писмено на следните прашања:
1. Кој, кога и со каква реална цел ги собрал сите лица кои го основаа друштвото;
2. Која е причината поради која оставените цели и средства во статутот се однесуваат основно на лица кои се самоопределуваат како Македонци.
3. Од создавањето до сега дали се извршени некакви дејствија и какви.
Тоа се правело според заповед на обвинителството (прокуратурата). Тоа се случува пред друштвото да има направено или кажано јавно што и да е за да даде повод за некакво дејствие само два месеци после неговата регистрација. Очигледно единствената вина на друштвото е што се застапува за Македонците и намерата на обвинителството е да му ја одземе регистрацијата и да ја „поправи“ грешката на судот.
Паралелно во Бугарија во различни медиуми започна вулгарна кампања против македонската нација вклучително и на националната телевизија, што не наведува на мисла дека е во прашање организирана кампања од највисоко ниво.
Пирински македонски информационен центар.