Шеќерим Ахмети, алијас Ел Чека,кој во изминатиов период од Чикаго на својот фб профил објави многу материјали од прислушкувани разговори на политичари, објави нова бомба преку социјалните мрежи.Овојпат се слуша гласот на Радмила Шекеринска и нејзините упатства за член на Државната изборна комисија и неговиот „одлучувачки глас“ во изборите.
Се работи за експлицитно договарање гласање во ДИК, за што Основното јавно обвинителство има практика да отвора случаи. Конкретно, во ваков случај, за исто дело правосилно беа осудени Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев во случајот „Титаник 2“.