Минатата недела бевме сведоци на овогодишниот состанок на групата Билдерберг. Средбата беше тајна и затворена за јавноста. И покрај тоа во јавноста преку тајни канали за што всушност беше разговарано на овогодишниот состанок на групата билдерберг. На нивната Агенда се најде следново: Стабилен светски поредок, Иднината на Европа, Климатските промени, како да се стават Кина и Русија во ред, иднината на капитализмот, Британија и брегзитот, вештачката интелигенција и нејзината примена, влијанијата на социјалните медиуми и интернет заканите.
Најзагрижувачка работа за црнава аристократија како што ги нарекува Даниел Ештун новинар кој со години ги истражува, е новонастанатата ситуација во Европа. Како и секогаш, така и овој пат криви за уривање на плановите на црната аристократија билдерберг се “варварите” од исток. Западот како наследник на Рим светот во изминатиот период го подели на цивилизирани и варвари, Римјани и дивјаци, по истото кредо како што и во минатото го правеа римјаните и атињаните.
Варвар во текот на историјата беше наречен Прометеј големиот човек кој им го украде огнот на самобендисаните олимписки богови кои сакале да си играт со човекот како ќе им текнело. Крадејќи го огнот со него Прометеј му го подари и сето знаење на човекот , тоа е причината за која Прометеј беше наречен Варвар. Добро е позната и приказната за Конан Барбаринот, Сумеријанецот кој според приказната се бореше против лошиот господар Хиса зул, ослободувајќи го човекот од неговите зли канџи и така се вброи во групата на варвари.
Потоа и Херкулес кои според митот и легендата на суров начин се бореше за ослободување од олимписките богови што исто така беше причина да биде означен како варвар. Според ова изгледа дека варвари биле луѓето кои што го нарушувале воспоставениот ред на господарите како што во историјата биле Прометеј, Херкулес, Конан, од современиот свет би можеле во истава група да ги вброиме: Исус Христос, Мартин Лутер, Јан Хус, Симеон Де Боливар, Че Гевара, Сноуден, Јулијан Асанж и многу други.
И овој пат Варварите им ги нарушија плановите на црната аристокатија, така што на овогодишните европски избори победија за нивно изненадување (а за наша среќа) токму за нив непосакуваните национални партии и евроскептиците. Со тоа им пропадна планот за уништување на нациите и создавање на една супер нација. Не за џабе во текот на изминатите години нападнати беа старите цивилизации од исток преку Кина и Индија, Персија (Иран), Месопотамија (Ирак), Асирија (Сирија), Феникија, Филестија, Ханан (Либан, Израел, Палестина), Хетитското царство (Турција), Египет, Либија и Тунис (Картагина), Македонија, Рим (Италија). Токму со уништувањето на овие антички цивилизации кои од римската империја беа наречени варвари се планираше да се удри врз националниот идентитет на народите, бидејќи народите од исток својот духовен, културен и национален идентитет го заосноват токму на овие древни цивилизации. Победата на националистите и суверениститет предизвикува страв за билдерберговци, За момент тие дојдоа до сознание дека нивните планови за деконструкција на светото и човековата заедница ( без идентитет) наеднаш е мртов проект.
А што да се каже за западната цивлизација и нивното дивјаштво. Заборават овие од запад дека водат потекло од десете дивијчки племиња кои го развалија западното римско царство како што се Вандалите, Херулите, Свевите, Остроготите, Франките, Англо-саксонците,Логобардите, Визготите и други. Уништувањето и поробувањето, колонизирањето на народите и цивилизаците кои западот го правеше во текот на изминативе два века се добар показател за нивната дивјачка улога и дивјарење. Додека истокот градел цивилизации, западот ги рушел.
Македонците во текот на историјата од Рим и Атина беа нарекувани Варвари. Еве зашто :
1. Александар Македонски своето царство го заосноваше врз начелото на мултинационална и мултиетничка основа;
2. Меѓу тогашните европски народи Македонците први го прифатија Христијанството и во библијата се запишани како Македонции, а не северомакедонции;
3. Македонците преку Кирил и Методиј направија писменост во Европа, описменувајќи ја цела источна Европа;
4. Македонците преку Богомилите ја започна реформата на христијанството и враќање на правото христово учење. Богомилите беа предвесници на протестанската реформација на Мартин Лутер;
5. Македонците први направија република во Европа. Крушевската република беше првата република, после падот на Француската револуција, која беше изградена на основите на правото на национално самоопределување, солидарност, слобода, демократија, соживот и верска толеранција помеѓу различностите;
6. Денес Македонците изградија република во која заедно живеат во соживот и хармонија различни националности и луѓе со различни религии.
Тому овие наброени причини се добар показател дека Македонците секогаш им го рушеле воспоставениот ред на самопрогласените цивилизирани и тоа е добра причина тие да бидат сместени во групата на варвари.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.