Свет

Нови избори во Боливија на 3 мај

Илустрација: ЕПА / ИВАН ФРАНКО

Ла Паз – Повторените парламентарни и претседателски избори во Боливија ќе се одржат на 3 мај, изјави денеска претседателот на Изборниот суд на Боливија, Салвадор Ромеро.

„Кога ќе го објавиме изборниот календар во наредните денови, како и официјален повик, ќе бидат утврдени роковите за политичките и граѓански организации“, рече Ромеро пред новинарите.

Тие избори ќе се одржат скоро седум месеци по последните избори, на кои тогашниот претседател Ево Моралес го освои својот четврти мандат, но последователно беше соборен од протестите и судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили.

По оставката, Моралес замина во Мексико, а потоа во Аргентина, велејќи дека бил сменет во воен пуч во Боливија.

Моралес минатата недела изјави дека нема да биде кандидат на неговото Движење за социјализам (МАС), но ги спомена неговиот поранешен министер за економија, Луис Арце Катакору и претседателот на Унијата за одгледувачи на кока, Андроник Родригез, како потенцијални кандидати за претседател на државата.

Боливиското обвинителство издаде налог за апсење на Моралес за наводен бунт, тероризам и финансирање на тероризам.

Related posts

Leave a Comment