Свет

Нови тензии над Црното Море: Руски ловец пресретна американски извидувачки авион(ВИДЕО)

Sukhoi Su-27 Flanker fighters perform risky maneuvers near a B-52 - Air Data News (Airway)

Москва – Рускиот национален центар за контрола соопшти денеска дека руски ловец Су-27 пресретнал американски стратешки извидувачки авион над Црното Море.

Руските системи за контрола на воздушниот простор откриле воздушна цел над Црното Море која се приближувала кон руската државна граница, пренесе Tасс.

Ловец Су-27 од силите за брза реакција на ПВО Јужен воен округ пресретнал американски авион во тоа време за да спречи кршење на руската државна граница, прецизира Националниот центар за контрола.

Во исто време, заменик-секретарот на Рускиот совет за безбедност, Михаил Попов, во интервју за рускиот весник рече дека има огромен пораст на разузнавачките активности на странски земји во близина на руските граници, наведувајќи дека изминатата година над илјада странски авиони и беспилотни летала извршиле шпионски мисии.

„Разузнавачката активност на странските земји се зголеми многукратно“, потенцира Попов.

 

 

Related posts

Leave a Comment