Македонија

НОВИ 53 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА БРОЈКАТА СЕ ИСКАЧИ НА 483

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени од коронавирус, жена од Лабуништа (Струга) на возраст од 71 година и маж на возраст од 77 години од Куманово кои беа хоспитализирани во исклучително тешка состојба.

Институтот за јавно здравје информира за уште два смртни случаи, жител на Велес кој почина пред неколку дена, а неговиот позитивен резултат е докажан постмортем и странски државјанин кој живеел во Скопје 4 месеци.

Министерството потсетува и дека пациентот од Куманово кој почина на 2 април на Инфективната клиника, а чиј позитивен резултат на Ковид – 19 беше потврден вчера попладне, како случај на позитивен и починат пациент, во статистиката на ИЈЗ ќе биде исто така евидентиран во денешниот извештај. Со ова, во денешната статистика се евидентирани 5 починати лица од Ковид-19.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 61 пациент, од нив 11 се на механичка вентилација.

За 24 часа регистрирани се 53 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје -13, Куманово -8, Штип -5, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 483 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 221

Куманово -93

Дебар – 49

Штип-20

Прилеп –24

Тетово – 17

Струга – 23

Велес – 9

Битола – 4

Охрид – 3

Кавадарци –2

Гостивар – 4

Гевглелија – 4

Струмица – 1

Крива Паланка- 2

Кочани – 7

Во изминатото деноноќие направени се 414 тестови. Од нив преку ИЈЗ- 240, преку Ветеринарен факултет – 25, Авицена – 22, Биотек – 0 и Фипил Втори (Жан Митрев) – 127. Досега во земјата се направени 4.920 тестирања на Ковид-19.

Related posts

Leave a Comment