Се очекува наскоро да добие лиценца за масовно производство
Новиот антивирусен спреј е воведен во одделот за итни случаи на Клиничкиот центар во Шангај и има за цел да го заштити медицинскиот персонал од новиот коронавирус .
Медицинските професионалци можат да го користат антивирусниот спреј пред да влезат во карантин. Сè што треба да сторат е да го вдишат спрејот и да остават лекот да навлезе во дишните патишта, со што ќе им обезбеди биоактивна заштита од инфекција.
Патем, новиот лек го развиле група научници од кинескиот институт за истражување на појава на епидемии, а тимот поминал повеќе од шест години на развивање на лек за лекување на заболувања на респираторниот тракт. Лекот исто така се покажа ефикасен во третманот на коронавирусите во рана фаза. Сепак, сè уште не е лиценциран за продажба на поширокиот пазар, па затоа се користи само за клинички третман на пациенти.
Спрејот содржи две активни состојки – едната го потиснува множењето на вирусот, а другата го контролира процесот на вирусот што ја предизвикува болеста.
Активните состојки на спрејот можат да го потиснат воспалението и да ги регулираат мукозните мембрани на дишните патишта.
Интересно е што, веднаш штом се лиценцира, може да се произведе во големи количини за кратко време.