Американскиот претседател имаше несреќа за време на викендот во родниот Делавер, токму кога тој и неговата сопруга ја прославуваа 45-годишнината од бракот.
Американскиот претседател Џо Бајден паднал од велосипед додека се возел во близина на неговиот дом во Рехобот Бич, Делавер, токму додека тој и неговата сопруга ја прославувале 45-годишнината од бракот.
Шефот на САД во саботата наутро возел со првата дама Џил Бајден, опкружен со агенти, а само неколку моменти пред падот ги поздравил новинарите мавтајќи и извикувајќи „Добро утро“. Набрзо изгубил рамнотежа и паднал, што било проследено со извици на изненадување и чудење од насобраните граѓани.
Сосема природно, десетици од нив веднаш притрчаа да му помогнат и да видат дали претседателот е сериозно повреден.
All joking aside, I hope Biden’s alright. A bike fall can be dangerous especially for an old man like him. https://t.co/EhhKZ1d80h
— James T (@Audioear) June 18, 2022
Набрзо сите се уверија дека на шефот на Белата куќа му е добро, а тој, станувајќи на нозе, им мавташе на насобраните и им се заблагодари за помошта.
Да потсетиме, во петокот, непосредно пред летот за Делавер, првата дама го влечеше својот сопруг додека тој застана да разговара со новинарите пред да ја напуштат околината во Белата куќа.
„Мораме да одиме “, му рече таа на претседателот, фаќајќи го за рака.
Медиумите објавија дека причина за тоа е фактот што претседателот на САД е под голем притисок од јавноста поради неговото патување во Саудиска Арабија, но и поради веста дека двајца поранешни американски припадници на армијата биле заробени на украинска територија бидејќи таму се бореле против Руската Федерација.