Виртуелниот часовник на британскиот премиер го означи крајот на членството во ЕУ на полноќ и почетокот на новата фаза. Велика Британија веќе не е во ЕУ: Илјадници луѓе слават на улиците!
После 47 години, Велика Британија од полноќ веќе не е членка на ЕУ , и додека приврзаниците на Брегзит на лондонскиот плоштад во парламентот го прославија „враќањето на независноста“ , приврзаниците на Унијата „жалат“, премиерот Борис Џонсон вети нов почеток.
Три и пол години откако мнозинството граѓани на референдумот одлучија дека сакаат нивната земја да ја напушти Европската унија, знамето на Велика Британија во тишина во Брисел беше спуштено.
Во Лодон, сите владини згради беа украсени со знамиња за оваа пригода, а целодневни колони на задоволни приврзаници на Брегзит се подготвуваа и чекаа зградите на Собранието да бидат осветлени со боите на британско знаме точно на полноќ.
This was the Brexit countdown I tried to post earlier. pic.twitter.com/pfZIfXg4hh
— Paul Joseph Watson (@PrisonPlanet) February 1, 2020
Премиерот Борис Џонсон им рече на своите сонародници еден час пред полноќ: „Ова не е крај, туку почеток“ и додаде дека ги разбира нивните измешани чувства и најави која е сега главната задача на владата и него како премиер:
– Наша задача е да ја зближиме оваа земја сега и да ја водиме напред.
По напуштањето на Унијата, во Велика Британија има период на транзиција, што подразбира дека земјата ќе остане членка на единствениот пазар на ЕУ и царинската унија до 31 декември 2020 година.
Европската комисија се очекува да усвои и презентира директиви следната недела за преговори за идните односи со Велика Британија.
За време на транзицискиот период, Велика Британија ќе остане тесно поврзана со ЕУ, но новиот трговски договор, договорот за безбедност и законите за имиграција ќе бидат изготвени до 31 декември 2020 година, пренесува Си-Ен-Ен.
Во овој 11месечен период, ќе се случат многу промени што ќе влијаат и на патувањето до и од земјата.
Нема да има многу промени на почетокот на транзицискиот период, европските посетители сепак ќе патуваат со лични карти и електронски пасоши, но дури и ако се постигне договор до крајот на годината, можно е странските патници да треба да користат специјални линии на аеродромите и траектните терминали.
Во овој период, Велика Британија генерално ќе продолжи да се придржува кон законодавството на ЕУ, односно да остане во Царинската унија и единствениот пазар, што значи дека и понатаму ќе ги почитува законите за трговија и слобода за движење.
Она што ќе се промени е дека Велика Британија веќе нема да има право на глас во Европскиот парламент, ниту пак британските министри ќе присуствуваат на состаноци на високо ниво.Во текот на следните 11 месеци, Велика Британија и ЕУ ќе преговараат за нови односи, особено трговија, вработување, безбедност, имиграција.
Brexit.
Literal.pic.twitter.com/h1blPTofAd
— Gabriela Warkentin (@warkentin) February 1, 2020
Доколку не се постигне договор во рок од 11 месеци, Велика Британија ќе се соочи со зголемување на цените за храна, лекови и други добра.