Директорка на една од скопските клиники е позитивна на Корона вирусот јавува порталот А1 он
Според информациите кои А1 он ги добиле од официјални извори од клиниката директорката била вратена од Италија, а претходно одела на своето работно место.
Министерот за здравство одбил да ја потврди информацијата, а истовремено истиот закажа конференција за медиумите во 11,30 часот.
Доколку се потврдат информациите тоа ќе биде четврт случај на Корона вирус во земјава.