Суспензијата на парламентот по барање на премиерот Борис Џонсон е незаконска, пресече денеска Врховниот суд на Велика Британија, едногласно со гласовите на 11 судии.
Како што се изјаснила претседателката на Судот, Бренда Хеј, одлуката за суспензија влијае врз „самата основа на демократијата“. Дополнително, во одлуката на Судот се наведува дека „владата не успеала да ја оправда одлуката за суспензија на законодавниот дом“.
Согласно одлуката на Џонсон британскиот парламент требаше да остане под суспензија до 14 октомври.