Според најновиот извештај, 1 процент од населението во Норвешка е заразено со коронавирусот, а Лунд истакнува дека тоа е „показател за слабост во норвешката стратегија“.
Еден од најистакнатите норвешки епидемиолози Елив Лунд, професор емеритус на Универзитетот во Тромзо, ја коментира состојбата со коронавирусот во Норвешка и ја спореди со Шведска.
Според неодамнешниот извештај, 1 процент од населението е заразено со коронавирусот во Норвешка, а Лунд истакнува дека тоа е „показател за слабост во норвешката стратегија“.
– Нашата бројка е мала затоа што воведовме многу строг карантин. Ако го сторивме тоа што го направија Швеѓаните, ќе имавме поголема стапка на заразени, а со тоа и поголем имунитет – рече Лунд.
Eiliv Lund is Emeritus Professor in community health at the University of Tromsø. Photo: University of Tromsøhttps://t.co/OLQRvyGuzt
— Osvaldo Coelho (@coelhoosvaldo3) April 23, 2020
– Владата има голема доверба во стратегијата за карантин. Но, сега поминаа неколку недели, ако стратегијата навистина функционираше, сега ќе бевме на нула случаи – рече тој, додавајќи:
– Има слабост во нашата стратегија. Се сметаше дека ако останеме во карантин доволно долго дека вирусот ќе исчезне, но проблемот е во тоа што ние не можеме да го спречиме да влезе од надвор. Така, мора да чекаме на пронаоѓање на вакцина или лек. Само го одложивме проблемот што неизбежно ќе се појави повторно во иднина – заклучи тој.