Катица Јанева останува во Шутка. Обвинителството за организиран криминал и корупција даде негативно мислење и не се согласи за поблага мерка, иако Јанева понуди имот како гаранција. Судот водејќи се од мислењето на обвинителството, донел одлука дека предлогот за укинување на мерката притвор се отфрла како недозволен, а предлогот за претпазливост, како неоснован. Јанева е во притвор веќе еден месец како осомничена во случајот „Рекет“ заедно со Боки 13 и Зоран Кичеец.
Како што се наведува во соопштението објавено на интернет страната на Основниот суд, Скопје 1:
Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека, до судија на претходна постапка кој постапува по предлог на одбрана на К.Ј. за укинување на мерката притвор и определување гаранција, денеска е доставено негативно мислење од Основнот јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по однос на предлогот.
По разгледување и ценење на предлогот и мислењето од надлежното обвинителство, судија на претходна постапка донесе решение со кое предлогот за укинување на мерката притвор со определена гаранција се отфрла како недозволен, а предлогот за определување мерки за претпазливост се одбива како неоснован.