Дипломатија

Олаф Шолц: И да го прифатите францускиот предлог, процесот за влез во ЕУ нема да биде лесен

ANALYSIS - Olaf Scholz: Agenda of Germany's new leader

И да го прифатите францускиот предлог, процесот за членство во Европската Унија нема да биде лесен. Оваа порака Македонија ја доби директно од германскиот канцелар. Олаф Шолц во отворено писмо, потенцирајќи дека сака да е сосем искрен со нас, ни порачува дека покрај компромисот со Бугарија, ќе треба и други пречки да бидат надминати.

Сакам да бидам сосема искрен со вас: Дури и по прифаќањето на овој компромис, процесот за влез во ЕУ нема да биде лесен. Ќе има и други пречки кои ќе треба да бидат надминати. Но, јас исто така ви велам: Заедно ќе ги совладаме задачите кои ни претстојат. Сите знаеме дека компромисите понекогаш значат болни отстапки. Европската Унија се состои од компромиси, ден за ден. Но, јас сум цврсто убеден дека дури и тешки компромиси на крајот секогаш нè носат напред и нè прават посилни, вели Шолц.

Иако власта во Македонија, сака да го претстави францускиот предлог како директер билет за ЕУ, сепак пораките кои доаѓаат од највисокиот европски врв, како што е Шолц, не се такви. Поради тоа се отвора прашањето што Македонија може да добие што да изгуби со ваквиот евентуален компромис. Против документот на Емануел Макрон гласно зборуваат речиси сите. Една од нив е професорката Веселинка Лаброска. Таа во отворено писмо до францускиот претседател Емауел Макрон, порачува дека никакви преговори и разговори околу македонскиот јазик не смее да има.

-Нашиот уникатен македонски јазик не смее да се сведе само на службен јазик на кој ќе се преведат актите на Европската Унија, а неговото именување и нашата историја не смеат да зависат од некакви унилатерални или билатерални акти што ќе ги наметне Бугарија и некои идни магливи комисии!, пишува Лабровска.

И професорот Гоце Цветановски преку отворено писмо вели дека ова што и се прави на Македонија во моментов е недолично за 21-от век.

-Срамно е во 21 век од страна на ЕУ како чувар на европските и светските демократски вредности да се наметнуваат вакви понижувачки услови во еден непристоен предлог од една водечка земја во ЕУ (Република Франција) каде што се врши геноцид кон цел еден народ. Длабоко сум уверен дека вие и вашите народи не се согласувате со францускиот предлог за почеток на преговорите на Република Македонија со ЕУ, во кој се наведени сите барања на официјална Софија за промена на историјата, за ограничување на правото на изразување на научната мисла, за негирање на македонскиот јазик како атрибут на македонската нација, потенцира Цветановски.

Инаку, Олаф Шолц не е едиствен кој и порача на Македонија, дека прифаќањето на францускиот предлог ќе биде доволно за напредок кон Европската Унија. Порака дека ќе мораме да поработиме на реформите ни пристигна од многу други европски лидери.

Related posts

Leave a Comment