ФБ Статуси

ОМО ИЛИНДЕН: Не сме македонско малцинство, туку сме македонски народ од Пиринска Македонија

Нема опис за фотографијата.

 

Додека бугарската висока делегација, предводена од премиерот Кирил Петков и потпретседателката Илијана Јотова, викендов се шеташе низ Македонија, во Битола го отворија клубот „Ванчо Михајлов“ и даваа изјави дека во Бугарија нема Македонци и национални малцинства, од Пиринска Македонија им одговорија Македонците.

– Тука сме, бетон сме, никаде не мрдаме, Македонци сме. И не сме македонско малцинство, туку сме македонски народ од Пиринска Македонија, објави Македонецот Атанас Кирјаков на Фејсбук.

Одговор кој стигнува во вистинско време, односно во моментите додека бугарските политичари ги негираат Македонците, а македонските политичари кооперативно ги премолчуваат фактите.

Се чини подобар одговор и не можеше и од вистинско место. Активистот на Македонците од Бугарија Кирјаков им испрати одговори на Јотова и Петков од чествувањето на Јане Сандански, истиот ден на. 17 април 2022 од Мелник, Пиринска Македонија.

Related posts

Leave a Comment