Свет

ООН: САД, Франција и Велика Британија може биле соучесници во воените злосторства во Јемен

 

САД, Велика Британија и Франција можеби биле соучесници во воените злосторства во Јемен преку вооружување,разузнавачка и логистичка поддршка на сунитската коалиција.

Сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија изгладнува цивили како дел од нејзината воена тактика, а овие земји ја помагаат преку нејзината поддршка, пренесуваат ООН .

Истражителите на ООН составија таен список со можни осомничени за воени злосторства, врз основа на нивниот последен извештај за кршење на човековите права во тој четиригодишен конфликт меѓу коалицијата на арапските држави и бунтовниците Хути, кои го контролираат главниот град Сана.

Инспекторите ги идентификуваа можните воени злосторства од обете страни и предупредија на улогата на западните земји како клучни сојузници на арапските држави, како и на Иран, кој пак од друга страна ги поддржува хутите.

Коалицијата убивала цивили

Во извештајот се обвинува коалицијата предводена од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати за убиство на цивили во воздушните напади и намерно ускратување на храна. Хутите исто така гранатираат градови, користат деца како војници и користат тактики на воена опсада.

Во 2014 година, Хутите ја протераа јеменската влада од Сана. Следната година, сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија интервенираше да ја врати соборената влада, при што илјадници луѓе загинаа во судирите до сега.

На земјата и се заканува глад од огромни размери, и според ООН, е погодена од најтешка хуманитарна криза во светот.

Измачувани, силувани и убиени осомничени политички противници

„Легалноста на испраќање оружје од Франција, Велика Британија, САД и други земји останува под знак прашалник и е предмет на разни домашни судски постапки“.

Исто така, се истакнува дека истражната комисија формирана од Саудиска Арабија за да ги провери наводните коалициски  кршења на човековите права не ги идентификувала одговорните за нападите врз цивилите, што ја доведува во прашање непристрасноста на истрагата.

Комисијата на ООН наведува дека е предупредувано дека Емиратите и сојузничките сили ги мачеле, силувале и убивале осомничените политички противници, заробени на тајни места и дека Хутите поставуваат пешадиски мини.

Саудиската коалиција одвоздух нападна затворен комплекс во југозападен Јемен, при што загинаа десетици луѓе, соопштија во неделата Црвениот крст и Хутите.

Related posts

Leave a Comment