Свет

Орбан до Путин: Ниту еден од лидерите на ЕУ не сака војна

Путин, Орбан

МОСКВА – Ниту еден од лидерите на ЕУ не сака војна, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

 

„Мојата денешна посета е и еден вид мировна мисија. Би сакал да ве уверам дека ниту еден од лидерите на Европската унија и нејзините земји-членки не сака војна или конфликт. Повикуваме на политички решенија и заемно корисни договори“, рече Орбан.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека со задоволство би го информирал Орбан за преговорите на Русија за безбедносните гаранции со САД и НАТО, пренесува ТАСС.

Related posts

Leave a Comment