Европа

Орбан: Европа ископа јама за Русија, во која самата падна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека санкциите на Брисел против Москва не ги исполниле очекувањата и дека Европа паднала во дупката што ја ископала за Русија

„Санкциите не функционираа како што очекуваше Брисел кога ги воведе. Дојдовме до план да им ископаме дупка на Русите, а потоа паднавме во неа“, рече Орбан, пренесе ТАСС.

Тој во интервју за унгарското радио Кошут рече дека на последниот самит на ЕУ се зголемиле тензиите меѓу земјите-членки, но и дека се погласни се барањата за мирно решение на украинската криза, пренесува МТИ.

„Здравиот разум ќе надвладее порано или подоцна“, рече тој.

Тој додава дека долгорочно решение меѓу Украина и Русија може да се постигне само преку договор.

„Завршувањето на војната без јасен договор само ќе го одложи за годините што доаѓаат“, рече Орбан.

Премиерот посочи дека западните земји кои ја поттикнаа војната ќе мора да ги платат сметките за обнова на Украина.

„Тоа е незамисливо голема бројка“, нагласи Орбан.

Орбан заклучил дека Украина и пред војната не можела самостојно да заработи доволно пари за да го финансира нормалното функционирање на земјата и дека по конфликтот дефинитивно ќе биде во поголем економски проблем.

Related posts

Leave a Comment