„Јасно е дека крајот на оваа војна преку преговори е во интерес на сите“, изјави Орбан по самитот на премиерите на Вишеградската група и британскиот премиер Борис Џонсон.
Зборувајќи за ефектите од санкциите врз Русија, Орбан рече дека тие ќе се почувствуваат во цела Европа, вклучително и Унгарија, пренесува МТИ.
Проширувањето на санкциите за енергетскиот сектор, нафтата и гасот ќе биде несразмерно голем товар за Унгарија, рече тој.
Орбан рече дека јасно им кажал на сите дека Унгарија „го осудува рускиот воен напад и војната, но дека нема да дозволи унгарските семејства да ја платат цената на таа војна“.
Тие санкции не смеат да го опфатат увозот на нафта и гас, рече тој.
Унгарија покрива најголем дел од потребите за природен гас и нафта со увоз од Русија, а 90 отсто од домаќинствата во Унгарија се греат со гас, рече Орбан.
Тој исто така рече дека унгарската економија не може да функционира без нафта и гас.