Грчкиот митрополит Амвросиос, познат по тоа што остро ги критикуваше оние за кои веруваше дека се однесувале на „нехристијански или негрчки“ начин, вклучително и хомосексуалци, мигранти и политичари, поднесе оставка.Тој беше познат и по организирање и учество во протести против Преспанскиот договор и беше голем противник нашата држава да го користи името Македонија во било која форма.
Во јануари, локалниот суд го осуди на седум месеци условна казна за говор на омраза, затоа што тој на својот блот во 2015 година геј популацијата ја нарече „ѓубриња на општеството“ и ги повика луѓето да плукаат врз нив.
Според АП, тој ја поддржувал екстремно десничарската партија „Златна зора“.
Во октомври 2017 година, тој им нареди на свештениците од својата епархија да ѕвонат црковни ѕвона секој ден точно три минути,а секоја недела за протестирање против, како што рече, „антихристијански и антигрчки“ закон што им олеснува на луѓето да го менуваат полот. .
Минатата година,за смртоносниот пожар во Атина тој рече дека тоа е Божја казна за атеистот Алексис Ципарас, кој беше грчки премиер во тоа време.