Занимливости

Откриена причината за француското не за датумот за преговори : Макрон му се одмаздува на Заев!

Одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон за недавање согласност за датум за старт на преговорите со  ЕУ за Македонија е лична.Имено како што дознаваме, со одлуката,Макрон,му се одмаздува на Зоран Заев за неодамнешен инцидент помеѓу нив двајца околу струмички ајвар.

При неодамнешната посета на Макрон на соседна Србија,на официјалната закуска приредена во чест на Макрон,српските домаќини послужиле ајвар кој бил со воодушевување примен од Макрон.Кога се распрашал кој го произведува и од каде може да го набави,Ивица Дачиќ му одговорил дека ајварот всушност е од Струмица и дека Макрон би можел да се обрати кај Зоран Заев за набавка на истиот.

Макрон преку дипломатски канали стапил во контакт со Зоран Заев и лично го замолил да му прати неколку тегли ајвар на што Заев потврдно одговорил и му ветил 6 тегли овогодишен ајвар кој тој со помош на своето семејство лично ги направил.Скандалот настанал откако Макрон ги добил ветените тегли ајвар кои откако го вкусил забележал дека се лански а не овогодишни како што Заев му ветил.Изреволтиран Макрон, веднаш ја побарал Меркел на телефон и и раскажал за случката со ајварот на Заев.Таа видно изненадена му рекла на Макрон дека добила ајвар од Заев но овогодишен и мошне вкусен што дополнително го разгневило Макрон.Откако Меркел го информирала Заев за раговорот со францускиот претседател тој ветил дека ќе ја исправи грешката и дека ќе испрати цел шлепер со ајвар до Парис,замолувајќи ја Меркел да отпатува кај Макрон и да проба да ја смири топката.Убедувањата од страна на Меркел до Макрон очигледно не вродиле со плод бидејќи Макрон останува на своите позиции да не даде зелено светло за старт на преговорите завлез во ЕУ.

Related posts

Leave a Comment