Свет

ОЧАЈНИЧКИ ЧЕКОР НА УКРАИНЦИТЕ: Минирана фабриката „Азот“ во Северодонецк, 300 цивили затворени внатре

Severodonetsk Azot triples production output - Fertilizer Daily

Украинските сили во Северодонецк ја минирале фабриката „Азот“, каде според еден затвореник, во подземните простории има над 300 цивили, изјави за Спутник помошникот на чеченскиот лидер Апти Алудинов.

Претходно чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека силите на Киев принудиле околу 300 цивили да влезат во индустриската зона Северодонецк.
„Имаме информации дека во фабриката има околу 300 цивили, кои украинските сили ги ставиле во подземни простории и минирале се“, рече Алаудинов.

Да потсетиме, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека украинските неонацисти подготвувале провокација со отровни хемикалии во фабриката во Северодонецк и држеле работници и цивили на таа територија.

„Да видиме што навистина се подготвува. „Се подготвува уште една провокација на украинските националисти, имено, минирање на цистерна со отровни хемикалии во фабриката „Азот“ во Северодонецк на територијата на ДНР и задржување на повеќе од илјада фабрички работници и локални жители во нејзините подземни објекти. “, рече портпаролката.Руската армија го ослободи аеродромот и станбените области на Северодонецк.

Related posts

Leave a Comment